Стерлинг: Не сум задоволен колку играв минатата сезона

Рахим Стерлинг, стрелецот на единствениот гол за Англија, во досегашниот тек од Европското првенство, преку медиумите му испратил порака на својот тренер во Манчестер сити, Пеп Гвардиола. Стерлинг рекол дека не е задоволен колку време понимувал на теренот минатата сезона.

Стерлинг, во финишот на сезоната, пад на во втор план кај Гвардиола, четврт-финалните и полу-финалните дуели ги започнуваше од клупата за резерви.

„Ако не играм не сум среќен. Таков став има уште од дете, кога почнав да играм фудбал. Нема тука многу филозофија. Сигурно е дека не сум задоволен кога седам на клупата“, рекол Стерлинг.

При крајот на сезоната, англиските медиуми го поврзуваа со Тотенхем, како дел од евентуалниот трансфер на Хари Кејн во Манчестер сити.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.