Арсенал и Челси се договориле за Ејбрахам

Арсенал и Челси постигнале договор околу трансферот на Тами Ејбрахам. Младиот напаѓач една сезона ќе им биде позајмен на Арсенал, а по завршувањето на сезоната „топџиите“ ќе го откупат неговиот договор за 50 милиони евра.

Арсенал ги победија Вест Хем и Тотенхем, кои исто така сака да го видат Ејбрахам во своите редови.

Ејбрахам, пред две сезони одлично играше кај Френк Лампард, меѓутоа со доаѓањето на Томас Тухел, испадна од сите комбинации за место во тимот.

Англичанецот е вториот напаѓач што замина од Челси, во преодниот рок. Претходно, Оливие Жиру се пресели во Милан.

Ејбрахам ќе биде второто засилување за Арсенал, во клубот вее пристигна локонга од Андерлехт.

Следно засилување за „топџиите“ би требало да биде Бен Вајт од Брајтно. Арсенал за неговите услуги ќе плати 50 милиони евра.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.