Ерменски борач обвинува: Мора да си Русин за да те пуштат да победиш

Муса Евлоев го освои 13-тиот златен медал за Русија на Олимпијадата во Токио, откако во финалето во борење грчко-римски стил во категоријата до 97 килограми го победи Ерменецот Артур Алексанјан, кој по мечот ги обвини судиите за „местенка“.

Двократниот светски шампион 28-годишниот Евлоев и шампионот од Рио пред пет години, 29-годишниот Алексанјан беа фаворити за златниот медал, пред Евлоев, кој доаѓа од Ингушетија, да победи со 5:1.

Ерменецот, кој го победи Евлоев за злато на СП во 2017, а загуби од него на СП во 2019 година, беше бесен по поразот.

„Сите имаат очи  гледаат што се случува. Прегледајте ги снимките и работите ќе станат јасни. Мора да бидеш од Русија за да освоиш злато“, изјави Алексанјан.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.