Бекер го брани Новак: Зошто тој секогаш е „лошото момче“?

Германската тениска легенда и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер вели дека не е фер со која страст се бараат ситници за да се критикува светскиот број 1 во споредба со тоа што го прават неговите стари ривали Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Ѓоковиќ не успеа да го комплетира календарскиот гренд слем откако загуби од Данил Медведев во финалето на САД опен минатиот викенд, кога емотивно реагираше и остана во солзи, а публиката на Флешинг Медоуз првпат по подолго време застана на негова страна.

Бекер, кој е шесткратен гренд слем шампион и работеше три години со Ѓоковиќ од 2013 до 2016, вели дека ваквата поддршка не смее да биде изолирана и дека фановите треба да бидат зад него, исто како што се зад Надал и Федерер.

„Тоа беше неверојатна ситуација, луд момент. Го познавам Новак и приватно и професионално и можам само да кажам дека се работи за одлично момче, натпреварувач кој некогаш се однесува лошо на теренот, но тоа го прават сите. Јавноста, вклучувајќи ги медиумите, треба да се навикнат дека нема две легенди на тенисот, туку три. Не е прифатливо Новак секогаш да е лошо момче, а Роџер и Рафа да се добрите. Тоа не е фер. Се надевам дека по тоа во Њујорк работите ќе се сменат“, вели Бекер.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.