Нетси го исфрлија Ирвинг од тимот поради одбивањето да се вакцинира

Бруклин нетс потврдија дека Кајри Ирвинг нема да тренира, ниту да игра за тимот додека не ги почитува правилата на државата Њујорк, односно додека одбива да се вакцинира против КОВИД-19, а генералниот менаџер Шон Маркс, вели дека тие немале избор во одлуката.

„Тој треба да направи избор, и засега го има направено тој избор. Мојата работа е да ја донесам најдобрата одлука и најдобриот избор за тимот. Знам дека моите одлуки нема да наидат на одобрување, и ова беше тешка одлука, како што верувам дека одлуката на Кајри да не биде со соиграчите беше тешка“, вели Маркс.

Според правилата во Њујорк, кои стапија на сила минатиот месец, секој кој сака да влезе во вежбална на отворено (вклучувајќи ги „Барклис центар“ на Бруклин и „Медисон сквер гарден“ во Менхетен), мора да има примено барем една доза на вакцината.

Како резултат на ова Ирвинг немаше да може да игра на 43 меча од регуларната сезона и 2 меча од пред-сезоната, и Маркс тврди дека тој би губел пари само за тие мечеви, по 380.000 долари по меч.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.