Ротич со нов рекорд победи во Париз, кај жените доминираа атлетичарките од Етиопија

Елиша Ротич од Кенија во машка и Тигист Мемује од Етиопија во женска конкуренција победија на маратонот во Париз.

Ротич победи со нов рекорд на митингот. Патеката ја истрча за 2:04.21 часа и за 44 секнди го подобри рекордот на сонародникот Кенениса Бекеле од пред седум години.

Второто место му припадна на Хаилемаријама Кирос од Етиопија, додека трет беше сонародникот на победникот, Хилари Кипсамбу.

Во женска конкуренција, Мемује, победи со резултат 2:26.12 часа. Таа за три секунди беше побрза од сонародничката Јенисех Динкес. За целосен триумф на Етиопија во женска конкуренција се погрижи Фанту Јима, која го освои третото место.

На маратонот во Париз учествуваа 60.000 тркачи од 145 земји.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.