Фердинанд од болница ја гледал катастрофата на Манчестер јунајтед

Рио Фердинанд ноќта ја минал во болницата во Манчестер. Од болничката постела тој го гледал катастрофалниот пораз на неговиот поранешен клуб, Манчестер јунајтед, од Ливерпул (0:5).

Фердинанд на социјалните мрежи објавил фотографија како лежи во болничкиот кревет, без да ја открие причината, поради која морал да биде хоспитализиран.

„Овие 60 минути ме испратија во шок соба..Боже“, напишал Фердинанд, а потоа анализирал што се случи на „Олд Трафорд“.

„Понекогаш резултатот не е онаков како што сме посакувале. Тоа е поради нас, не постои никој друг кого можете да го обвините. Навивачите уште еднаш дадоа одлична поддршка. Тие заслужуваат многу повеќе од ова, ние треба тоа да им го испорачаме. Време е“, напишал Фердинанд.

По водството на Ливерпул од 0:4, на полувремето колони навивачи ги напуштаја трибините, такво нешто не се случило во клупската историја.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.