Шифрин алпска „кралица“ во Шладминг, го урна рекордот на Стенмарк

Американката Микаела Шифрин победи на славната патека во Шладминг во последниот слалом од Светскиот куп пред Олимпијадата во Пекинг, за да го урне рекордот на Ингемар Стенмарк за победи во една дисциплина.

До епската победа Шифрин дојде од петтото место по првото возење, за на крајот да биде за 0.15 секунди побрза од својата најголема ривалка, Петра Влхова и да ја забележи својата 47. победа во слалом, една повеќе од легендарниот Стенмарк, кој победи во 46 велеслаломи во 1970-тите и 1980-тите.

 

 

„Многу плачам во последно време. Ова како да не се случуваше вечерва, навистина нереално“, изјави Шифрин, која исто така има вкупно 73. победа во Светскиот куп со што е на третото место на вечната листа, на 13 од рекордот на Стенмарк.

Шифрин најави дека ќе учествува на сите пет индивидуални трки на Олимпијадата во Пекинг, каде што ќе е меѓу фаворитките во слаломот, велеслаломот и алпската комбинација.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.