Македонија против Црна Гора во второто коло на ЕП

Македонската репрезентација, вечерва ќе го одигра вториот натпревар на Европското превенство во Унгарија и Словачка. По воведниот пораз од Словенија, македонските репрезентативци за противник ќе ја имаат селекцијата на Црна Гора.

Македонија, против Црна Гора, мора да победи доколку сака да ги задржи шансите за пласман во вториот круг. Со иста цел во дуелот ќе влезат и Црногорците кои на стартот беа поразени од Данска.

Селекторот Кирил Лазаров, на вчерашната прес конференција, рече дека можеби индивидуалниот квалитет на на страната на противникот, но дека како колектив Македонија е посилна од Црна Гора.

Натпреварот во Деберецин ќе започне во 18 часот, ќе го судат Литванците Миндаугас Гателис и Ваидас Мазеика.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.