Медведев загуби сет од Креси, Оже-Алијасим го победи Чилиќ

Данил Медведев избори четврт-финале на Австралија опен. Минатогодишниот финалист, за пласман во полу-финалето ќе игра против Феликс Оже-Алијасим.

Медведев, се мачеше и нервираше речи три и пол часа против Американецот, Максим Креси (70. на АТП листата).

 

 

Рускиот тенисер на крајот победи со 6/2, 7/6, 6/7, 7/5.

Медведев тешко се прилагоди на серви-волеј играта која ја форсира Креси. Во моментот кога, Американецот го освои третиот сет и намали на 2:1, се слушна извикот на Медведев.

„Ова е досадно“.

Медведев во четврт-финалето ќе се соочи со Феликс Оже-Алијасим. Канаѓанецот славеше победа над ветеранот Марин Чилиќ 2/6, 7/6, 6/2, 7/6.

Клучниот момент во мечот се случи во финишот на вториот сет, прит водство на Чилиќ од 1:0 во сетови, Канаѓанецот успеа да спаси сет топка.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.