Анчелоти го препредува Реал: Единственото финале кое го загубив беше со најдобра игра

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти верува дека неговите фудбалери се целосно подготвени да му ја донесат четвртата титула од Лигата на шампоните, но предупреди дека единственото финале кое го загубил било тоа со најдобрата игра, славниот колапс на Милан против Ливерпул во 2005.

Анчелоти, кој освои трофеи од ЛШ со Милан во 2003 и 2007 и со Реал  во 2014 (славната „десима“), признава дека уште го „боли“ поразот од Ливерпул во Истанбул, кога Милан имаше 3:0 предност за да примат три гола во шест минути во второто полувреме и да загубат на пенали.

„Ова е мое петто финале и имам добри сеќавања од сите тие мечеви. Ретко мислам на тоа, но единственото финале кое го загубив беше тоа со најдобра игра во 2005 година. Не сакам мојот тим да игра лошо, секако, но ги предупредив дека работите може да тргнат наопаку во финалето. Мораме да бидеме подготвени на секоја ситуација“, предупредува Анчелоти пред утрешното финале.

Анчелоти и Милан се одмаздија на Ливерпул во 2005 година со 2:1 победа во финалето во Атина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.