Нкунку стави потпис во Париз, ама за нов договор со Лајпциг

Францускиот интернационалец Кристофер Нкунку и следната сезона ќе го носи дресот на Лајпциг, а ќе потпише и нов договор. Тој ќе ја продолжи соработката со германскиот тим до 2026 година, а следното лето ќе има отштетна клаузула од 60 милиони евра.

Нкунку се согласи со условите на Лајпциг, што го направи најплатен играч во клубот. Она што е интересно е што договорот е потпишан во Париз.

Пари Сен Жермен имаше намера да го врати Нкунку во Париз од каде што потекнува, но тој очигледно и понатаму ќе остане во Германија.

Францускиот офанзивец на тој начин ќе се обиде да ја повтори блескавата година што ја имаше зад себе. На 50 натпревари даде импресивни 35 гола, со 19 асистенции.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.