Потресно сведоштво од Турција: Слушнав пукање, не мислев дека ќе излезам жива
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 10 Февруари 2023
Британскиот хуманитарен работник Лина Сахлоул пристигна во Газиантеп, Турција, ден пред земјотресот.
Лина неколку дена подоцна требало да отпатува од Турција во Сирија, а земјотресот ја нашол во хотелот.
Таа сега е во Истанбул, но нејзиниот татко се уште е во зоната погодена од земјотресот и води добротворна организација за помош на Сирија.
Како што раскажува за Би-Би-Си, мислела дека тоа е тоа, дека умира, кога се случил земјотресот.
„Можев да го слушнам пукањето на таванот. Не мислев дека ќе излезам жива“, рече таа.
„Спиев кога имаше земјотрес. Ги отворив очите и видов дека се околу мене се тресе, слушнав како пука таванот. Мислев дека ќе умрам, бев сигурна дека е готово”, изјавила таа за Би-Би-Си. .
„За среќа, тресењето престана и ништо не падна врз мене. Го грабнав мобилниот телефон и му се јавив на татко ми. Тој ми рече дека е земјотрес и да го земам пасошот. Зедов уште неколку работи и истрчав надвор на улицата покриена со снег“, изјави Лина.
Како што вели таа, додека го напуштала градот, видела како се уриваат зградите во Газиантеп.
Таа се обидуваше да најде храна, некои продавници беа отворени, но илјадници стоеја во редици.
„Успеав да стигнам до аеродромот и да се качам во авионот за Истанбул“, рече таа.
„Како да ми летна животот пред очи кога се случи земјотресот. Сакам да апелирам до сите да го поддржат и да му помогнат на народот во Сирија“, рече Лина.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс