(Видео) Главната уредничка на руската државна телевизија „Раша Тудеј“ : Русија ќе го освои целиот западен свет

Главната уредничка на руската државна телевизија „Раша Тудеј“ и една од најпознатите пропагандисти на Путин, Маргарита Симонјан, неодамна во емисијата на друг пропагандист Владимир Соловјов изјави дека војната во Украина е борба меѓу Русија и целиот Запад, во која Русија на крајот ќе победи и ќе се покаже како „најголемата земја во светот“.

Во видео клипот објавен на социјалните медиуми, Симонјан одговараше на коментарите на водителот на каналот „Русија 1“, Владимир Соловјов, откако тој рече дека „големата цел на Русија… е да го спаси светот“.

 

 

„Ајде да разбереме против кого се бориме. Ние не се бориме против Украина, ја победивме Украина во првите два-три дена. Потоа почна војната со НАТО“.

Таа додаде и дека Русија ќе победи со Божја помош и дека заслугата за таа победа ќе ја преземе исклучиво Москва.

Според нејзиното мислење, таа победа нема да го вклучи само заземањето на Бахмут или Вулхедар, градовите Доњецк за кои борбите се водат со месеци, туку Русија ќе го „победи целиот западен свет“,пренесе Индекс.хр.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.