Зеленски го постави Андриј Шевченко за свој советник

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го назначи поранешниот фудбалер Андриј Шевченко за свој советник.

Оваа вест е објавена на интернет-страницата на претседателот на државата, а за неа пишуваат и украинските медиуми. Во објавениот декрет не беше прецизирано каква ќе биде функцијата на легендарниот фудбалер.

Шевченко во текот на кариерата играше за „Динамо Киев“, „Милан“ и „Челси“, а во 2004 година ја освои З„латната топка“.

Тој беше селектор на Украина од 2016 до 2021 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.