
Хамас ослободи шест нови заложници
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 01 Декември 2023

Израелската армија доцна вчера вечер соопшти дека шест израелски заложници се ослободени во Појасот Газа.
„Седмата група сега е целосно ослободена, откако претходно беа ослободени две заложнички“, соопштија тие.
Сестрата и братот Ајша Зијадне (17) и Билал Зијадне (18) се меѓу израелските заложници кои вчера беа ослободени. Тие беа киднапирани од кибуц Холит заедно со нивниот постар брат Хамза и таткото Јусеф.
Од денот на нападот, поширокото семејство на Зијадне постојано бдее пред домот на Јусеф, објави Тајмс оф Израел.
Заедно со нив беа ослободени Нили Маргалит (40), Шани Горен (29), Сапир Коен (29), Илана Грицевски (30).
Покрај нив, ослободени се и две деца, соопшти Катар. Меѓу шесте ослободени жени има и жени со мексиканско, руско и уругвајско државјанство.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
