„Каде е Кејт, се појави?“: Захарова во конфликт со министерот на Велика Британија ја вмеша и принцезата од Велс

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, му порача на министерот за одбрана на Велика Британија, Грант Шапс, наместо да се занимава со руските избори, да ја бара Кејт Мидлтон.

Шапс рече дека Владимир Путин „повторно ги украл изборите, но нема да ја украде Украина“.

На ова набргу реагира Захарова, која изјави дека Британците се „навикнати да ограбуваат сѐ“.

„Патем, што е со Кејт Мидлтон? Се појави?“, напиша таа на „Телеграм“ и му порача на Шапс да ја побара принцезата од Велс.

Захарова алудира на исчезнувањето на Кејт Мидлтон од јавноста по операцијата на стомакот во јануари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.