Франција ја зајакнува безбедноста околу синагогите и еврејските училишта

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин објави на социјалните мрежи дека побарал од локалните власти да ја зголемат безбедноста „на местата што ги посетуваат еврејските сонародници, особено околу синагогите и еврејските училишта“.

Тој рече дека овој потег се случува поради приближувањето на Пасхата и со оглед на актуелната меѓународна ситуација.

Министерот за надворешни работи Стефан Сежурне потврди дека Франција учествувала во одбраната на Израел од напад на Иран, но не објави дополнителни детали.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.