Макрон: Мора да избегнеме ескалација на Блискиот Исток
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 15 Април 2024
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Франција ќе направи се што може за да се избегне натамошна ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран на Блискиот Исток.
Сите сме загрижени за можна ескалација. Ќе направиме се што можеме за да избегнеме разгорување на конфликтот, изјави Макрон за ТВ БФМ и го повика Израел да покаже воздржаност во секој одговор.
Макрон треба да разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Тој во неделата рече дека нападот на Иран врз Израел е непропорционален, истакнувајќи дека Франција помогнала во пресретнување на беспилотни летала и проектили на барање на Јордан.
Иран лансираше стотици беспилотни летала и проектили кон Израел во саботата вечерта како одговор на израелскиот напад врз иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс