Израел го остава Иран во неизвесност околу нивниот одговор за нападот: „Нека бидат нервозни“

Ставот на израелскиот воен кабинет е дека Иран треба да продолжи да погодува каков ќе биде одговорот на Израел на иранскиот напад, изјавил неименуван израелски функционер за „The Times of Israel“.

„Нека бидат нервозни“, рече функционерот по седницата на воениот кабинет во намален состав и додаде дека одговорот на Израел може да биде „во Иран или надвор од Иран“.

Како што изјави функционерот, мислењето на мнозинството во воениот кабинет е дека на нападот од Иран треба да се одговори со сила.

Закажаниот состанок на воениот кабинет на Израел е одложен, јавува Ројтерс.

Ноќта меѓу саботата и неделата, Иран изврши напад врз Израел со беспилотни летала и балистички и крстаречки ракети како одмазда за нападот на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, за кој го обвини Израел.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.