Убијците на Данка Илиќ пристигнаа во обвинителството: со лисици беа внесени во зградата

Осомничените за убиството на Данка Илиќ (2), Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ утрово пристигнаа во Вишото јавно обвинителство во Заечар.

Вчера мајката на Дејан Драгијевиќ пристигна во обвинителството и го искористи правото да не сведочи.

Тие ќе бидат сослушани денеска.

Српските медиуми потсетуваат дека Срѓан Јанковиќ (50) и Дејан Драгијевиќ (50) од Злот, осомничени за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ од Бор, по чие тело 12 дена континуирано се трага, наскоро треба да бидат испратени на стручно мислење во психијатриска болница.

„Притворот на осомничените Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, според решението на судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Зајечар, истекува на 3 мај. Ќе бидат испратени на психијатриско вештачење, штом ќе се исполнат условите“, наведуваат во Вишото јавно обвинителство во Зајечар.

Јанковиќ и Драгијевиќ, работници на ЈКП „Водовод“ од Бор, на 26 март биле на работна задача, кога во Бањско Поле исчезнало двегодишното девојче Данка.

Според признанието на Драгијевиќ, девојчето го удриле со службено возило, го задавиле и го фрлиле во дива депонија на Старобањска, од каде два дена подоцна Дејан заедно со неговиот татко Радослав (73) и сега починатиот брат Далибор Драгијевиќ (40), ја преселиле на друга, засега непозната локација, пишува „Телеграф“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.