Ние сме во состојба на борбена готовност, Западот ризикува глобален конфликт: Путин од Црвениот плоштад по повод Денот на победата

Во денешниот говор од Црвениот плоштад рускиот претседател Владимир Путин го обвини Западот дека ризикува глобален конфликт и рече дека никој нема да смее да ѝ се заканува на најголемата нуклеарна сила во светот додека Русија ја одбележува победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Додека руските трупи напредуваат против украинските сили поддржани од Западот, Путин ги обвини арогантните западни елити дека заборавиле на одлучувачката улога на Советскиот Сојуз во поразот на нацистичка Германија и поттикнувањето конфликти во светот, пишува „Гардијан“.

„Знаеме до што водат таквите амбиции. Русија ќе направи сѐ за да спречи глобален конфликт“, рече Путин.

„Но, во исто време нема да дозволиме никој да ни се заканува. Нашите стратешки сили се секогаш во состојба на борбена готовност“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.