„Ќе горите во пеколот“: Медведев по нападот во Русија

Најмалку пет лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени кога шрапнели паднаа врз луѓето на плажата вчера за време на украинскиот напад на Севастопол на Крим, пренесоа светските агенции. „За жал, во моментов имаме 124 жртви, три деца “, рече гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев на Телеграм.

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност со порака до САД.

„Копилиња од САД ги снабдуваат приврзаниците на Бандера со проектили и им помагаат да ја постигнат својата цел“, напиша Медведев на Телеграм, а пренесува „Newsweek“.

„Копилињата во Киев ја избраа плажата каде што цивилите доаѓаат како мета и го притиснаа копчето. Сите ќе изгорат во пеколот. Она што се случи не беше воена акција, туку гнасен терористички напад врз нашиот народ, извршен на православен празник“, додаде Медведев.

„Истото важи и за масакрот во Дагестан, кој го извршија екстремисти. За нас, нема разлика меѓу американската влада и лудите фанатици. Моето најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите“, рече Медведев.

За нападот на Крим се огласи и руското Министерство за одбрана. „Одговорноста за намерниот ракетен напад врз цивилите во Севастопол, градот на Крим, е првенствено на Вашингтон, кој го испорача оружјето на Украина, но и на властите во Киев“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана. „Но, таквите постапки нема да останат без одговор“, додаваат тие.

Украинските власти се уште не го коментирале нападот врз цели во Севастопол, пристанишен град кој е редовна цел на напади, особено затоа што е дом на руската Црноморска флота. Крим е многу важен логистички центар за руската војска, пренесува медиумот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.