Грета Тунберг уапсена во Копенхаген на студентски протест против војната во Газа

Полиција ја уапси шведската активистка Грета Тунберг на денешните протести против израелската војна во Газа на Универзитетот во Копенхаген, објави данскиот „Екстра бладет“.

 

Тунберг на својот инстаграм-профил сподели видео снимено пред зградата на Универзитетот и додаде дека полицијата ги растера демонстрантите.

 

„Студентите и јас сме во административната зграда на Универзитетот во Копенхаген“, рече таа.

 

Групата студенти објави дека нема да ја напушти зградата додека Универзитетот во Копенхаген не ја прекине соработката со израелските образовни институции.

 

Како што изјави репортерот на „Екстра блејд“ од местото на настанот, покрај Тунберг, полицијата уапсила уште неколку демонстранти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.