Путин: Развојот на Далечниот Исток е приоритет на Русија за целиот 21 век

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека развојот на Далечниот исток е приоритет на Русија за целиот 21 век.

„Всушност, денес Далечниот Исток, без никакво претерување, стана најважниот фактор за зајакнување на позицијата на Русија во светот“, рече Путин за време на Источниот економски форум во Владивосток, пренесува РИА Новости.

Тој истакна дека многу инвеститори се соочуваат со недостиг на производство на Далечниот исток и нареди да се создаде програма за развој на енергетските капацитети, вклучително и размислување за изградба на нуклеарни централи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.