Островот на кој живеат шестпати повеќе мачки отколку луѓе, а нa кучињата им е забранет пристап

Јапонскиот остров Ташироџима, познат и како островот на мачките, е вистинско кралство на овие животни. Ги има речиси шестпати повеќе од луѓето. Во 50-тите години на островот живееле приближно илјада луѓе, а денес тој број е десетпати помал, само стотина жители, главно постари.

 

За разлика од луѓето, популацијата на мачки не е во опаѓање, пишува „Јапан гуид“.

 

Во 17 и 18 век главната индустрија на островот била производството на свила и луѓето чувале мачки за да ги заштитат гасениците и ларвите на свилената буба од глувци и стаорци. Ова е причината зошто тие биле донесени на островот. Кога престанало производството на свила, островјаните се занимавале со плетење и крпење рибарски мрежи, а мачките сепак уживале на островот.

 

Се верувало дека носат среќа и дека е доволно луѓето да се соединат со мачки. Бојата на мачката тука не игра улога, па црните мачки се посреќни на ова место отколку на многу други. За тоа се грижи и ветеринарот, кој шестпати годишно го посетува островот и ги прегледува сите мачки.

 

Мачките станаа симбол на овој дел од Јапонија и слободно шетаат на улиците и се чини дека уживаат во вниманието што го добиваат од туристите што се фотографираат и си играат со нив. Сите се питоми и разгалени, што доволно говори за тоа колку се сакани.

 

Интересно е и тоа што на Ташироџима е забранет пристапот за кучињата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.