Франција: Сопругот ја дрогирал сопругата и десет години регрутирал мажи да ја силуваат

Сопруг во Франција ја дрогирал сопругата и наводно повикал над 80 странци да ја силуваат во нивниот дом во невидено злосторство, кое се случувало повеќе од десет години. Судењето, кое почна во понеделникот, го привлече вниманието на целата земја и целосно го окупира малото гратче во кое се одвиваше сето тоа.

 

50-ина мажи се обвинети за учество во злоупотреба на жена за која им се суди во Авинкон. Додека се одвиваше процесот пред судот, граѓани облечени во црно го изразија својот протест згрозени од ситуацијата.

 

Според увидот на полицијата, Доминик Пелико со години кршел лекови за смирување и апчиња за спиење и ги мешал во вечерата на сопругата со години во нивниот дом во Мазан, Прованса. Таткото на три деца потоа преку форум на интернет регрутирал мажи, кои имале фантазија да имаат врска со несвесна личност и ги канел во својот дом.

 

Им било наложено да не пушат и да не ставаат парфем за да не ги почуствува неговата сопруга. Во случај неговата сопруга да се помрдне, тие веднаш морало да излезат надвор.

 

Судијката Рожер Арата ја одобри желбата на жртвата Жизел Пелико судењето да биде јавно, иако и нејзините адвокати се согласија дека ја чека голгота.

 

„Мојот клиент првпат ќе ги види и ќе ги преживее силувањата што ги трпеше повеќе од 10 години“, изјави нејзиниот адвокат за АФП додавајќи дека не е среќна за ништо и дека вели дека не сака судење зад затворени врати бидејќи насилниците тоа би го сакале.

 

Доминик Пелико беше уапсен на 2 ноември 2020 година кога обезбедувањето на пазарот го фати како снима жени во нивните здолништа. Полицијата пронашла датотека со наслов „злоупотреби“ на УСБ, поврзан со неговиот компјутер, во кој имало над 20.000 фотографии и видеа од неговата сопруга, која била силувана над 100 пати.

 

Вината му ја признал и на адвокатот кому му рекол: „Ја заспав, ја понудив и снимав“.

 

За една година тој ѝ дал над 450 апчиња за спиење. На обвинителната клупа со него имало уште 50 луѓе. Обвинетите се на возраст од 26 до 73 години.

 

Некои од обвинетите ги отфрлија обвинувањата велејќи дека не знаеле оти жената не била запознаена со зделката и го обвиниле Доминик дека ги измамил. Детективите од снимките не успеале да идентификуваат 30-ина сторители.

 

Инспекторите рекоа дека жената немала поим дека е жртва на силување и дека била „дрогирана до коматозна состојба“. Едно утро во паника се разбудила со нова фризура бидејќи не можела да се сети дека била на фризер. Имала празнини во меморијата и почнала да се плаши дека има некаква болест, а нејзиното семејство се сомневало на Алцхајмерова болест.

 

Иако имаше прашања дали судењето на кое ќе се прикажуваат снимките од злосторството треба да биде јавно, петтемина судии се согласија дека тоа ќе биде така.

 

Доминик Пелико е обвинет и за силување и убиство на девојка (23) во Париз во 1991 година. Таа била дрогирана, силувана и избодена. Уште една девојка, која имала 19 години, била нападната на сличен начин, но успеала да побегне, а полицијата вели дека ДНК-профилот се совпаѓа со профилот на Пелико.

 

Судењето во Авињон се очекува да трае околу четири месеци, а Пелико (71) и другите обвинети би можеле да бидат осудени на 20 години затвор.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.