ЕУ ќе и’ додели заем од 35 милијарди евра на Украина

Европската Унија ќе и’ одобри заем до 35 милијарди евра на Украина за да и’ помогне на таа земја заглавена во тешката војна со Русија, најави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

 

Заемот, кој беше најавен за време на посетата на шефот на комисијата на Киев, е дел од поширокиот план на земјите од Г7 за собирање пари со користење од руските средства замрзнати за да се санкционира Русија поради инвазијата.

 

„Немилосрдните руски напади значат дека на Украина и’ е потребна континуирана поддршка од ЕУ“, рече фон дер Лајен во објавата на „Икс“.

 

Украина се соочува со огромни финансиски потреби по повеќе од две години интензивна војна која ја уништи нејзината инфраструктура.

 

Русија деактивираше околу 9 гигавати (GW) од енергетската инфраструктура на Украина.

 

Групата 7 (Г-7) замрзна руски финансиски средства во вредност од околу 300 милијарди долари кусо време по инвазијата на Москва на Украина во 2022 година. Тие ветија дека ќе ги искористат средствата за да му помогнат на својот сојузник, но поминаа месеци дебатирајќи точно како може да функционира таков механизам.

 

Во мај, ЕУ склучи договор меѓу своите земји-членки според кој 90 отсто од тие приходи ќе одат во фонд управуван од ЕУ за воена помош за Украина, додека останатите 10 отсто ќе го поддржат Киев на други начини.

 

Се очекува Украина да ја добие првата транша од помошта во јули, соопштија дипломатите на ЕУ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.