Руски беспилотни летала го нападнаа Киев: Украинската воздушна одбрана ги уништи

Воената управа на Киев соопшти дека во текот на ноќта околу 15 руски беспилотни летала го нападнале главниот град на Украина, но дека украинската воздушна одбрана ги уништила сите додека се приближувале до градот.

Десетти воздушен напад врз Киев од почетокот на септември. Како и при речиси сите напади овој месец, руската армија употреби беспилотни летала од типот „Шахид“ кои беа лансирани од јужниот и североисточниот правец, изјави Серхи Попко, директор на воената управа на Киев, а пренесува Укринформ.

Според него, воздушната тревога во Киев била на сила околу три часа.

Попко додаде дека остатоците од уништените дронови паднале на областа Оболон, како и дека е оштетена една нестанбена зграда.

Нема информации за повредени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.