Колкава штета нанесе масовниот ирански напад со балистички ракети

Иран вчера лансира речиси 200 балистички ракети кон Израел. Тоа е најголемиот воен напад на Иран врз Израел во историјата.

 

Иран тврди дека е самоодбрана и се закани со многу поголем напад во случај на израелска одмазда.

 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера му порача на Иран дека направил голема грешка за која ќе плати.

 

Израелските сили за противвоздушна одбрана се пофалија дека во соработка со своите сојузници собориле голем број ирански балистички ракети, но некои од нив не биле погодени во воздух и паднале на земјата.

 

Засега е познато дека иранските проектили го нападнале седиштето на израелската разузнавачка служба Мосад во Тел Авив, но Израелците тврдат дека во комплексот не паднале проектили. Камерите снимија голем кратер пред седиштето на Мосад.

 

Покрај тоа, израелската јавна телевизија КАН објави дека во градот Ход Хашарон на северот на Израел речиси 100 дома биле оштетени во ирански напад со балистички ракети.

 

Оштетено било и училиште.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.