Зеленски: Или Украина ќе влезе во НАТО или ќе има нуклеарно оружје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска во Брисел дека во септември му кажал на поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд Трамп дека Украина или ќе влезе во НАТО или, како што наведе, „ќе има нуклеарно оружје“.

 

„Или Украина ќе има нуклеарно оружје, кое ќе служи како заштита, или мора да биде дел од некаков сојуз. Освен НАТО, не знаеме за таков ефективен сојуз“, рече Зеленски, говорејќи за средбата со Трамп во Септември.

 

Зеленски истовремено нагласи дека ќе избере членство во НАТО наместо да се стреми кон нуклеарно оружје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.