Ураганот „Рафаел“ ја погоди Куба, летовите се прекинати, училиштата затворени
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 07 Ноември 2024
Ураганот „Рафаел“ го погоди во средата јужниот брег на Куба како циклон од трета категорија, со ветрови од 185 километри на час, објави американскиот национален центар за урагани.
Ураганот погоди област на околу 135 километри јужно од Хавана, а Националниот центар за урагани во Мајами предупреди дека поголемиот дел од западна Куба е под влијание на невреме што е опасно по живот, со налети на ветер од урагански сили, објави Ројтерс.
Целиот регион на Куба е под предупредување за ураган, а најпогодени се очекува да бидат провинциите Артемиса и Пинар дел Рио.
Во Хавана, набргу по почетокот на ударот на ураганот, снема струја, училиштата и јавниот превоз во градот беа во прекин до понатамошна наредба, додека властите соопштија дека летовите на меѓународните аеродроми „Хозе Марти“ и „Варадеро“ ќе биде суспендиран до утре.
Полицијата ги предупредува граѓаните да се засолнат.
Официјални лица соопштија дека евакуирале повеќе од 100 канадски туристи во југозападна Куба, пренесува Танјуг.
Метеоролозите предвидуваат дека „Рафаел“ подоцна ќе се пресели на запад од Мексиканскиот залив, соопшти Националниот центар за урагани.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс