Борел: Русија ќе мора да сноси одговорност, без разлика на мировниот договор

Русија ќе мора да одговара за воените злосторства извршени во Украина и да плати за уништувањето, без оглед на идниот мировен договор, изјави високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

 

„За мирот да биде траен, а не само прекин на огнот, тој мора да биде праведен“, рече Борел, кој е првиот висок европски функционер што ја посети Украина по победата на републиканецот Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

 

Победата на Трамп ги загрижува Украина и Европа, кои стравуваат дека новиот американски претседател ќе ја прекине поддршката на Вашингтон за Киев во борбата против руската инвазија.

 

Според него, важно е војната да заврши на начин каде што има одговорност, да не е само економска обнова, туку секој да одговара за своите постапки.

 

Борел рече дека речиси 300 милијарди американски долари од руските државни средства замрзнати од Западот може да се искористат за обнова на Украина по војната.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.