Од почетокот на војната во Украина убиени 589 деца, а повеќе од 1.600 повредени
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 12 Ноември 2024
Од почетокот на војната во февруари 2022 година во Украина се убиени 589 деца, а повеќе од 1.681 се повредени, соопшти украинското Јавно обвинителство за малолетници.
Најмногу деца починале во регионите Донецк (598) и Харков (459), а потоа следуваат Херсон (187), Днепропетровск (190), Киев (133), Запорожје (154) и Миколаев (117), пренесува „Суспилна“.
Обвинителството потсетува дека во понеделникот, на 11 ноември, како резултат на гранатирањето на градот Криви Рих во областа Днепропетровск загинаа две десетгодишни момчиња, како и двомесечно девојче, а рането е едно единаесетгодишно момче.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс