Русите ја уапсија својата поранешна мис на аеродром, се сомневаат дека шверцувала луксузен накит

Поранешната мис на Русија, Софија Никитчук, е уапсена на рускиот аеродром „Внуково“ поради сомнение дека шверцувала луксузна стока.

 

Како што соопшти Федералната царинска служба (ФЦС), младата жена долетала на „Внуково“ од Ница преку Истанбул бидејќи нема директни летови поради санкциите, а поминала низ зелениот коридор на аеродромот.

 

На царината пронашле златен часовник Patek Philippe, два прстена и синџирче од „Картие“. Според манекенката, таа не поднела изјава бидејќи сметала дека овие работи се личен багаж.

 

„Проверката покажа дека накитот е оригинален“, истакнаа цариниците.

 

Руската федерална царинска служба извести дека Никичук е осомничена за шверц на стратешки важна стока и за избегнување царински давачки.

 

Доколку биде прогласена за виновна, ѝ се заканува затворска казна до пет години.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.