Медведев: Германското снабдување со ракети „Таурус“ за Украина го зголемува ризикот од ескалација

Германското снабдување на Украина со ракети „Таурус“ нема да го промени текот на војната, но во голема мера ќе го зголеми ризикот конфликтот да премине во најопасната фаза, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

 

Тој посочи дека ултиматумот на германскиот кандидат за канцелар, Фридрих Мерц, до Русија да стави крај на војната или Берлин да испрати ракети „Таурус“ во Киев е предизборна стратегија што не може да го промени текот на војната, пренесува ТАСС.

 

„Испораката (ракети) е само начин да се продолжи агонијата на украинскиот режим“. Но, ризикот од ескалација на конфликтот до најопасната фаза е значително зголемен со нападите со крстосувачките ракети. На ова предупреди и нашиот претседател“, рече Медведев.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.