Британскиот министер сака да соработува со Трамп откога претходно го нарече расист и мизогинист
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 12 Ноември 2024
Британскиот министер за енергетика, Еди Милибанд, денеска изјави дека сака да соработува со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, и покрај тоа што претходно го нарече расист и мизогинист велејќи дека тоа сега е неважно.
На прашањето на водителот на емисијата „Би-би-си брекфаст“ како планира да изгради врска со човекот што претходно го нарече расист и мизогинист и самопрогласен сексуален насилник, Милибанд истакна дека тоа е сега во минатото.
„Сум кажал работи во минатото. Мојата работа сега како министер во кабинетот е да работам со новата американска администрација“, рече Милибанд.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс