(Видео) Бугарските националисти разгневени поради претстава на холивудската ѕвезда за војната со Србите

Претставата, во режија на американскиот актер Џон Малкович, ги налути националистите во Бугарија, кои ја сметаат за навреда на земјата, тврдење што холивудската ѕвезда го отфрла.

 

Минатонеделната премиера на драмата „Оружје и човек“ на ирскиот драматург Џорџ Бернард Шо, за српско-бугарската војна од 1885 година, предизвика насилни протести на националистичките групи.

 

Држејќи транспаренти, на кои пишуваше „Малкович, оди дома“, демонстрантите во четвртокот го блокираа пристапот до Националниот театар „Иван Вазов“ во Софија пред да се обидат да упаднат во зградата обвинувајќи го 70-годишниот режисер дека јгиисмева историјата на земјата и нејзините граѓани.

 

Видеото можете да го погледнете на следниот линк: https://x.com/KircanskiIvan/status/1855278241558262252?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1855278241558262252%7Ctwgr%5E9c977853d9fc0d79d5f1a4b91016fd873dd8b233%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fregion%2Fd0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d0b1d183d0b3d0b0d180d181d0bad0b8d182d0b5-d0bdd0b0d186d0b8d0bed0bdd0b0d0bbd0b8d181d182d0b8-d180d0b0d0b7d0b3d0bd%2F

 

„Оваа претстава е срамота и мора да се забрани. Ги исмева нашите предци, кои загинаа за Бугарија“, извика 21-годишната студентка Јоана Илијева, која беше во разгневената толпа. По премиерата на претставата во речиси празна сала, Малкович изјави дека е воодушевен од тоа како била примена неговата продукција.

 

„Тоа е доста необична реакција, но чудно е времето во светот – сѐ повеќе луѓе сакаат да цензурираат работи со кои не се согласуваат“, рече тој на прес-конференција заедно со неколку актери на сцената.

 

Веејќи бугарски знамиња, толпа гневни демонстранти вербално и физички ги нападнаа директорот на театарот и поранешниот министер за култура. Обвинителството отвори истрага за конфликтите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.