Петер Сијарто: Санкциите кон Додик се навреда на волјата на гласачите и народот на Српска
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 12 Ноември 2024
Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, на конференцијата „Инвест Српска“ во Јахорина изјави дека е шокиран од начинот на кој западноевропските либерали и демократите од САД се однесуваат кон Република Српска и посочи дека санкциите што европските политичари сакаат да ги воведат врз претседателот на Српска, Милорад Додик, не ја одразува волјата на гласачите и народот во Српска.
„Оние што постојано бараат спроведување на демократијата во Брисел се, всушност, најголемите антидемократи. Кога имаме конзервативен патриотски политичар во земја или ентитет што победува на изборите, тие веднаш почнуваат да зборуваат за смртта и за крајот на демократијата, а ако победат, либералите велат дека демократијата никогаш не постоела толку силна“, рече Сијарто.
Тој посочи дека тоа е голема финта бидејќи демократијата е во тоа луѓето да може да ја изберат својата иднина, но и луѓе што имаат стратегија.
„Кога европските политичари сакаат да воведат санкции против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, тогаш ја игнорираат волјата на гласачите и на народот на Република Српска“, рече Сијарто.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс