Црвен метео-аларм во делови од Шпанија, повторно се закануваат обилни дождови и ниски температури
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 13 Ноември 2024
Две недели по разорните поплави во источна Шпанија, метеоролошките служби денеска ги предупредија граѓаните да бидат внимателни бидејќи повторно се очекуваат катастрофи во вид на обилни врнежи и ниски температури поради што е издадено црвено предупредување за областа.
Источниот и јужниот дел на Медитеранот повторно се најзагрозени, а шпанската метеоролошка агенција „Аемет“, која вчера издаде портокалово предупредување, денеска издаде црвено предупредување за Малага и јужниот дел на Тарагона, пишува шпанскиот весник „Паис“.
Агенцијата „Аемет“ предупредува на дождови и невреме, кои би можеле да бидат многу силни
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс