Индексот на квалитетот на воздухот во Индија надмина 1.000, смог и магла во главниот град

Новиот бран загадување во Њу Делхи утринава достигна алармантни нивоа со индексот на квалитетот на воздухот над 1.000, соопшти швајцарската компанија за мерење на квалитетот на воздухот IQAir.

 

Загадувањето ја намали видливоста во многу делови од градот, а ситуацијата на аеродромите стана критична, со можни доцнења на летовите, објави „Ројтерс“.

 

Според IQAir, концентрацијата на ПМ 2,5-честичките, кои се толку мали што може да навлезат во човечките бели дробови и да предизвикаат сериозни болести, е 120 пати поголема од препорачаните нивоа на Светската здравствена организација.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.