Уапсен британски полицаец, му помагал на Хамас
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 13 Ноември 2024
Членови на антитерористичката полиција вчера уапсиле полицаец од Глостершир под сомнение дека сторил кривично дело тероризам, соопшти британската полиција.
Полицаец на 30-ина години е уапсен во Глостер под сомнение дека поддржувал забранета организација – исламистичка терористичка организација Хамас. По апсењето, тој беше приведен надвор од областа Глостершир. Антитерористичката полиција врши многубројни претреси поврзани со ова апсење, па, меѓу другото, претресено се возило и простор во Глостер.
„Апсењето активен полицаец под сомнение за таков сериозен прекршок несомнено ќе предизвика загриженост во нашите заедници и кај сите што работат за полицијата во Глостершир“, рече Арман Матисон, помошник-началник на полицијата во Глостершир.
„Важно е да се напомене дека сомнежот за поддршка се однесува на онлајн-активности и дека пребарувањата главно се вршат за лоцирање дигитални уреди, кои сакаме да ги анализираме. Апсењето е направено за да се овозможи брза и ефикасна истрага и во оваа фаза не смееме да извлекуваме никакви заклучоци“, додаде тој.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс