Речиси 80 отсто од Русите му веруваат на Путин, според последните анкети

Осум од десет (79 отсто) Руси прилично добро ја оценуваат работата на рускиот претседател Владимир Путин, а исто толку, 80 отсто, имаат доверба во него, покажуваат резултатите од истражувањето на Руската агенција за јавно мислење (ФОМ).

 

Мнозинството (79 отсто) од испитаниците одговориле дека Путин е доста добар во својата работа, а 8 отсто ја оценуваат неговата работа како прилично лоша, покажуваат резултатите од истражувањето објавени на веб-страницата на ФОМ, пренесува „РИА новости“.

 

На прашањето за довербата во претседателот, 79 отсто од испитаниците одговориле дека „попрво би му верувале на Путин“, а 11 отсто од Русите „попрво не би му верувале“, пренесува „Танјуг“





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.