На Филипини се евакуираат десетици илјади луѓе поради приближувањето на супер-тајфунот Ман-ји

Властите на Филипини наредија евакуација на десетици илјади луѓе поради приближувањето на супер-тајфунот Ман-ји до брегот на островската држава, пренесува Бета.

 

Откажани се десетици летови, а властите во североисточниот регион Бикол каде што се евакуирани околу 180.00 илјади луѓе, предупредија на „потенцијално катастрофална ситуација опасна по живот“.

 

Метеоролошката служба соопшти дека супер-тајфунот Ман-ји, локално познат на Филипините како Пепито, добива на сила, со удари на ветер од 215 километри на час и огромни плимни бранови високи и до три метри.

 

Ман-ји ќе биде шестата голема бура што ќе ги погоди Филипини во поседните 30 дена. Минатиот месец во поплавите и одроните предизвикани од тропската бура Трами и тајфунот Кун Реј загинаа 162 лица, а 22 се водат како исчезнати.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.