Во Нови Сад пронајдено тело на обезглавена жена, уапсен e синот

Тело на обезглавена жена е пронајдено денеска во новосадската населба Телеп, пренесува Танјуг. Нешто пред 12 часот ќерката повикала полиција и рекла дека брат и ја нападнал нејзината мајка.

 

По пристигнувањето полицијата го пронашла синот со траги од крв на рацете и безглавото тело на мајката кое било далеку од телото. Убиената е родена 1947 година, додека осомниченит за убиството е роден 1977 година и имал психички проблеми.

 

На лице место се спроведува истрага, а присутен е и обвинител на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.

 

Од полициската управа во Нови Сад за Танјуг потврдиле дека се случило убиство и дека синот е уапсен, но повеќе детали не се откриваат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.