Кина и Венецуела реагираа на одлуката на Бајден, се огласи и синот на Трамп: Проклети да сте, имбецили

Откако американскиот Њујорк тајмс објави информација за тоа како американскиот претседател Џо Бајден ги овластил Украинците да користат ATACMS за длабоки напади на руска територија, доаѓаат реакции.

Меѓу првите земји кои реагираа беше Кина. „Кина се спротивставува на какви било чекори што би можеле да доведат до ескалација на украинскиот конфликт и ескалација на тензиите. Позицијата на Кина за украинската криза е конзистентна и јасна. Кина е посветена на промовирање мировни преговори и се спротивставува на какви било чекори што би можеле да доведат до ескалација на тензиите и ескалација на состојбите во регионот“, изјавија тие. Тие порачаа и дека овој потег не придонесува за намалување на тензиите, пренесува Кликс.ба.

„Наместо да долеваат масло на огнот и да поттикнуваат конфликти, релевантните страни треба да се стремат да создадат услови за политичко решение на украинската криза преку дијалог и преговори“, беше соопштено.

Одлуката ја коментираше и претседателот на Венецуела Николас Мадуро. „Владите на САД, Франција и Велика Британија одобрија употреба на ракети со долг дострел за напад на нашата сестра Русија. Американскиот империјализам влезе во фаза на лудило и одмазда“, рече Мадуро.

Одлуката ја коментираа и луѓето блиски до новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп. Илон Маск, кој ќе го води одделот за ефикасност на американската администрација во мандатот на Трамп, се вклучи во дискусијата на социјалната мрежа Икс. На статусите во кои се наведува дека „либералите ја сакаат војната“, Маск напиша „вистина“.

 

Одлуката на администрацијата на Бајден ја коментираше и синот на Доналд Трамп, кој остро го критикуваше овој потег. „Изгледа дека воено-индустрискиот комплекс сака да се погрижи да започне Третата светска војна пред татко ми да добие шанса да постигне мир и да спасува животи. Проклети да сте, имбецили“, рече Доналд Трамп Џуниор.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.