Русите погодија зграда во Суми, 10 мртви, меѓу кои и две деца, 52 ранети
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 18 Ноември 2024
Десет лица, меѓу кои две деца, загинаа, а 52 се повредени вчера вечерта кога руска ракета погоди станбена зграда во североисточниот украински град Суми, соопштија украинските служби за итни случаи и војската.
Украинските служби за итни случаи преку каналот на Телеграм известија дека се на местото на несреќата и им помагаат на настраданите. Повеќе од 400 луѓе беа евакуирани.
Нападот на Суми уследи по утринските напади на Русија врз електричната мрежа на Украина. Во најголемиот воздушен напад во речиси три месеци, Русија лансираше 120 проектили и 90 беспилотни летала кон Украина, при што загинаа седум лица и предизвика голема штета на електричната мрежа.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс