„Блумберг“: Ердоган планира да му го предложи на Зеленски планот за ставање крај на војната

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планира да го предложи својот план за ставање крај на војната на состанокот на лидерите на Г20 во Рио де Жанеиро, пишува „Блумберг“ наведувајќи дека Ердоган ќе му предложи на Зеленски да се согласи да ги одложи разговорите за влез во НАТО за најмалку 10 години како отстапка кон Русија.

 

Турскиот план предвидува и создавање демилитаризирана зона во Донбас, а како што дознава „Блумберг“, Ердоган предлага да се вети испорака на оружје за Украина како компензација за тоа што се согласи да не влезе во НАТО.

 

„Турските власти признаваат дека на Украина би ѝ било тешко да прифати таква понуда, но сметаат дека тоа е најреален пристап. Ќе се обидат да ги одложат дискусиите за долгорочната судбина на окупираните територии за да се фокусираат првин на обезбедување стабилен прекин на огнот“, според „Блумберг“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.