Најмалку седум загинати во рускиот напад врз украински град

Експлозии се слушнале доцна синоќа во градот Хлухив во регионот Сума. Украинските медиуми објавија дека руско беспилотно летало удрило во станбена зграда, предизвикувајќи смртни случаи и повреди, а луѓето се уште може да останат заробени под урнатините.

 

Според првите информации за бројот на жртвите во рускиот напад врз градот Хлухив во областа Суми, најмалку седум лица загинале, меѓу кои и едно дете, а 12 се повредени, соопшти регионалната воена администрација.

 

Спасувачите се уште трагаат по луѓе кои можеби се затрупани под урнатините. Регионот Суми се граничи со Русија. Жителите на ранливите погранични заедници трпат секојдневни руски напади, што доведе до масовна евакуација.

 

Во неделата вечерта беше нападнат и градот Суми. Руска ракета потоа погоди станбена зграда. 12 лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.