Снег ги затрупа патиштата во Србија

Големо количество снег падна во месноста Калуѓерски бар на Тара, а снегот се уште вее.

 

На коловозите има снег, па на возачите им се препорачува да бидат внимателни при возење.

 

Републичкиот хидрометеоролошки завод претходно предупреди дека во Србија попладне се очекува нагло опаѓање на температурата, со врнежи од дожд кои ќе преминат во снег и лапавица.

 

„Вечерва и дождот ќе премине во лапавица и снег. Можеби ќе заглават автомобили, но тоа се уште не е сигурно. Снежната зона се приближува до Белград, моментално врне снег во Сремска Митровица, Ваљево, Лозница. Снегот веќе го зафати северот на Босна и Славонија, а се движи кон Србија“, рече српскиот метереолог Иван Ристиќ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.